Четири конзорциуми ќе се тркаат за автопатиштата

Bez autora
Oct 07 2010

Во трката за изградба и модернизација на автопатиштата по патниот Коридор 8", а кои ќе бидат дадени под концесија, ќе се тркаат четири конзорциуми составени од странски компании. Иако од Министерството за транспорт и врски се уште не обелоденуваат за кого станува збор, неофицијално се дознава тоа се конзорциуми предводени од италијанска, француска, грчка и чешка компанија, а многу блиску до нив биле и австриски и турски градежни компании. Според информации од ресорното Министерство првата фаза на тендерот треба да заврши следната недела. Неодамна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, посочи дека моментно се прават финални евалуации на добиените понуди за овој зафат, а 16 октомври е рокот до кога до Владата треба да се достави финалниот список на компании кои ги исполнуваат сите критериуми што беа зададени во тендерската документација за квалификување во трката за добивање на овој проект тежок околу милијарда евра.

Четири конзорциуми ќе се тркаат за автопатиштатаВо трката за изградба и модернизација на автопатиштата по патниот Коридор 8", а кои ќе бидат дадени под концесија, ќе се тркаат четири конзорциуми составени од странски компании.

Иако од Министерството за транспорт и врски се уште не обелоденуваат за кого станува збор, неофицијално се дознава тоа се конзорциуми предводени од италијанска, француска, грчка и чешка компанија, а многу блиску до нив биле и австриски и турски градежни компании.

Според информации од ресорното Министерство првата фаза на тендерот треба да заврши следната недела.

Неодамна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, посочи дека моментно се прават финални евалуации на добиените понуди за овој зафат, а 16 октомври е рокот до кога до Владата треба да се достави финалниот список на компании кои ги исполнуваат сите критериуми што беа зададени во тендерската документација за квалификување во трката за добивање на овој проект тежок околу милијарда евра.

Заинтересираните страни што доставиле барања, по 16 октомври ќе бидат известени за резултатите од претквалификацијата, а оние кои влегуваат во втората фаза ќе можат да достават свои финансиски понуди.

- Со имплементацијата на овој проект очекувам Република Македонија да добие уште подобра патна инфраструктура, сосема нови автопати, што директно ќе доведат до подобра економска слика и развој на земјава - вели Јанакиески.

Инаку, под концесија се нудат два пакета веќе изградени, но и нови патни правци по трасата на Коридорот 8. За Источната концесија беа понудени патни правци во должина од 177,5 километри, и тоа: Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип, Миладиновци - Штип, Миладиновци - Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434 милиони евра.

За Западната концесија, патни правци од вкупно 196 километри: Стенковец - Блаце, Гостивар - Ќафасан, Требениште - Охрид, Струга - Подмолје и Гостивар - Тетово - Скопје, а во вредност од 558 милиони евра.

Според јавниот повик идните концесионери ќе имаат обврска во период од најмногу 8 години да ги (до)изградат и реконструираат предвидените патни правци, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години, но, истовремено и да ги одржуваат и да наплатуваат патарина. Концесионерот ќе добива од држвата околу 200 милиони евра како субвенција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik